За парцелите над 10 хектари ќе се лицитира на електронски аукции

Bez autora
Sep 07 2014

Сите заинтересирани правни и физички лица што сакаат да изнајмат државна земја со над 10 хектари површина, тоа ќе може да го направат по пат на електронско јавно наддавање. За другите останува поднесување барање до државата во хартиена форма. Првично ќе бидат објавени за давање под закуп над 6.000 хектари во повеќе општини во Македонија.Ова се само дел од измените на законот за земјоделско земјиште, кои ги најави заменикот на министерот за земјоделство, Ванчо Kостадиновски. Со измените на Законот за земјоделското земјиште, кои се донесоа неделава и со кои се предвидува електронско јавно наддавање за земјоделски површини од над 10 хектари, очекуваме да се зголеми конкуренцијата и транспарентноста на постапката што ќе овозможи постигнување поголема цена на закупнината. Сите апликанти, правни или физички лица, што ќе решат да учествуваат на постапката ќе треба да докажат пред нејзиниот почеток дека им се намирени сите придонеси, вели Kостадиновски.

За парцелите над 10 хектари ќе се лицитира на електронски аукцииСите заинтересирани правни и физички лица што сакаат да изнајмат државна земја со над 10 хектари површина, тоа ќе може да го направат по пат на електронско јавно наддавање. За другите останува поднесување барање до државата во хартиена форма.

Првично ќе бидат објавени за давање под закуп над 6.000 хектари во повеќе општини во Македонија.Ова се само дел од измените на законот за земјоделско земјиште, кои ги најави заменикот на министерот за земјоделство, Ванчо Kостадиновски.

- Со измените на Законот за земјоделското земјиште, кои се донесоа неделава и со кои се предвидува електронско јавно наддавање за земјоделски површини од над 10 хектари, очекуваме да се зголеми конкуренцијата и транспарентноста на постапката што ќе овозможи постигнување поголема цена на закупнината. Сите апликанти, правни или физички лица, што ќе решат да учествуваат на постапката ќе треба да докажат пред нејзиниот почеток дека им се намирени сите придонеси - вели Kостадиновски.

Тој посочи дека на електронската аудиција ќе се понудат поголеми блокови за кои најчесто се заинтересирани тие што се подготвени да инвестираат и за тоа да платат повисока закупнина.

- Почетниот износ на електронското наддавање ќе биде 25 евра за земјиште од прва до петта катастарска класа и 15 евра за земјиште од петта до осма класа. Во зависност од намената за која ќе се користи земјиштето, закупнината ќе биде за период од 15 до 30 години - посочи Kостадиновски. Тој прецизира дека сите заинтересирани за јавното наддавање ќе треба претходно да се јават во Министерството, каде што ќе им бидат доделени корисничко име и шифра за учество на наддавањето.

- Постапката ќе се смета за успешна ако на неа има најмалку еден учесник, кој наддал над почетната цена за хектар, а јавното наддавање нема да може да трае пократко од 15 минути. Ако предмет на јавен оглас е блок со природни граници формиран од повеќе катастарски парцели со различна катастарска класа, ќе се утврдува просечна почетна цена за хектар - информира Kостадиновски.

Според него, правните лица, учесници на аукцијата, освен документите потребни за докажување на бонитетот на фирмата, ќе треба да достават бизнис-план, кој содржи податоци за целта за која ќе се користи земјиштето, применетата технологија, бројот на вработените, очекувани производствени економски резултати,... Ќе се бара и банкарска гаранција во висина на понудената годишна закупнина, за целото времетраење на договорот. За разлика од нив, физичките лица наместо бизнис-план, ќе поднесуваат програма за користење на земјиштето.

Според него, постои огромен интерес кај потенцијалите закупувачи на поголеми парцели од 10 хектари, дури и за култури што не се карактеристични за македонското поднебје и додаде дека условите на јавното наддавање ќе бидат подеднакви за сите, и за домашните и за странските лица.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik